More

    Невремето во Торонто остави 167.000 домови без струја, вака не било од 1941 година

    spot_img

    Рекордно количество врнежи поплавија делови од Торонто и оставија повеќе од 167.000 домови без струја, а најмалку 14 луѓе се спасени, објави Би-Би-Си.

    Во Торонто паднале речиси 100 милиметри дожд, со што го надмина дневниот рекорд на градот поставен во 1941 година. Неколку летови беа одложени или откажани од аеродромот „Били Бишоп“ поради невремето.

    Главниот автопат кој минува покрај реката Дон е блокиран во двата правци поради поплави. Затворен беше и автопатот Онтарио, а полицијата соопшти дека најверојатно ќе остане затворен уште еден ден.

    Противпожарната служба во Торонто добила бројни повици од луѓе заглавени во лифтовите поради прекини на струја.

    – За 3 часа имавме 25% повеќе дожд отколку што вообичаено би имало во цел јули со сите бури – изјави метеорологот Дејв Филипс.

     

    Управата за заштита на Торонто и регионот предупреди дека областите во близина на брегот, реките и потоците во градот се особено подложни на поплави.

    Градоначалничката на Торонто, Оливија Чоу, рече дека градот инвестира во напорите за чистење за да се осигура дека поплавите, како оние во 2013 година, нема да се повторат во иднина. Таа година, најмалку 300.000 луѓе останаа без струја во Торонто, а повеќе од 1.000 луѓе беа спасени од поплавен воз.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img