Принцезата од Велс Кејт Мидлтон се појави во неделата на финалето на Вимблдон и ја воодушеви јавноста, која ја пречека со стоечки овации.
Познато е дека принцезата се бори со ракот со месеци и дека нема многу информации за нејзиното лекување, ниту за нејзината здравствена состојба.
Затоа, британската, но и на светската јавност беше воодушевена кога ја видоа насмеана и весела во друштво на нејзината ќерка, принцезата Шарлот и нејзината сестра Пипа.
Меѓутоа, сега се појави видео од Кејт Мидлтон во кралската ложа на Вимблдон.
На видеото принцезата плаче, а солзите ги крие со црни очила за сонце кои цело време ги држела на лицето. Меѓутоа, овие нејзини солзи не останаа незабележани.
Видеото од расплаканата Кејт заврши на социјалната мрежа ТикТок и има стотици коментари. Сите беа полни со поддршка во нејзината борба да оздрави. Многумина сметаат дека ја совладале емоциите кога видела колкава поддршка и љубов има од јавноста во тешките моменти.