More

    ЈП Градски Пазар Охрид : ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СТАНИЦИ ЗА ПОДВИЖНА УРБАНА ОПРЕМА

    spot_img

    Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2024 год. бр. 08 – 2953/3год. од 14.03.2024 год („Сл.гласник на општина Охрид бр.3/2024), Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид бр. 08 – 4478/11 од 16.04.2024 година, Извод бр.19-8472/2 од 10.07.2024г. и Одлука од Управен одбор на ЈП Градски пазар бр.02-310/5 од 16.07.2024 год. ВД Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:

    ОГЛАС бр. 9/2024

    ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СТАНИЦИ ЗА ПОДВИЖНА УРБАНА ОПРЕМА

     

    ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема се издава за следната намена:

     

    1. Станици за подвижна урбана опрема – 2 локации

     

    Кеј Македонија и Плоштад Крушевска Република

    Локациите за Станици за подвижна урбана опрема  се наоѓаат:

    • на улица Кеј Македонија – 14
    • плоштад Крушевска Република – 13

    Графички приказ со нумерички ознаки на урбана опрема се дадени на шематскиот приказ во прилог.

    Урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 22.07.2024 до 30.09.2024 година.

     

    1. Почетна цена за издавање на станици за подвижна урбана опрема е:

     

    • станици за подвижна урбана опрема со почетна цена од 5.000,00 (пет илјади) денари/месечно за м2

     

    2.1 Почетната цена за издавање на урбана опрема се однесуваат за период од 30 дена

     

    2.2 Во почетната цена за издавање на урбана опрема, не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.

     

    • Целиот износ од договорениот надомест за закуп да го плати во рок од 3 работни дена од склучување на договорот за закуп. Во спротивно договорот ќе биде ништовен и право на закуп на урбана опрема ќе има наредно рангираниот учесник на јавниот повик.
    • Трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за

    користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.

    • Трошокот за комунална такса.
    • Договорите со најповолните понудувачи ќе се склучуваат за

    период од 90 (деведесет) дена.

    • Да ги почитува сите обврски кои ги превзеле со договорот за закуп, во спротивно ќе следи еднострано раскинување на договорот.

     

     

    1. 3. Доставување на пријави

    3.1 Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое:

    • Правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка за стечај или ликвидација. (Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци)
    • Физичко лице кое е жител на општина Охрид
    • Секое физичко и правно лице има право да аплицира на јавниот оглас само за една од локациите предвидени во Програмата за поставување урбана опрема во општина Охрид за тековната година.
    • На избраниот најповолен понудувач му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење на урбана опрема на трети лица.
    • Уплатата на депозитот да биде извршена лично од страна на лицето – носител на пријавата по оглас.

     

    Право на учество на јавниот повик немаат:

    • Физички и правни лица кои имаат неподмирени обврски (даноци и придонеси) кон општина Охрид и ЈП Градски пазар Охрид.

    3.2 Понудувачот треба да достави:

     

    • Пријава на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид https://jpgradskipazarohrid.mk/
    • Уплатница на име депозит за учество во износ од 3.000,оо (три илјади) денари
    • Уплатата се врши на следната сметка: жиро с-ка 210-066616880194 депонент на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, подруж. Охрид

     

    За правни субјекти

     

    • Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на PCM или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – не постари од 6 месеци),
    • Фотокопија од лична карта на управителот

     

    За физички лица

    • Фотокопија од лична карта

     

    Уплатениот депозит на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена урбана опрема ќе биде вратен најдоцна во рок од 90 дена, сметано од денот на завршување на постапката по огласот, додека за учесниците кои ќе бидат избрани и ќе добијат урбана опрема на јавното наддавање износот на уплатениот депозит ќe биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.

     

    Уплатениот депозит не е повратен за оние учесници кои се избрани за најповолни понудувачи, а кои после јавното наддавање самоволно се откажале од потпишување на договор за изнајмување урбана опрема-типизирана куќарка. Во ваков случај депозитот трајно го задржува ЈП Градски Пазар Охрид и учесниците немаат право да бараат поврат на истиот.

     

    1. Начин на доставување на пријавата

     

    Пријавата треба да се достави во затворен плик со назнака:

     

    „НЕ OTBOPAJ“

    ЈП Градски Пазар Охрид

    Комисија за спроведување на оглас за прибирање пријави за издавање на подвижна урбана опрема бр. 9/2024

    „Булевар Туристичка“ 6p.79  Охрид

     

    Пријавата се доставува по пошта или лично во Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид во затворен плик.

     

    ЈП Градски Пазар Охрид нема никаква одговорност за ненавремена и неуредна  достава на пријава, нејзино предвремено отворање или губење на истата.

     

    1. Начин на отворање

     

    Пријавите да се достават најдоцна до 19.07.2024 год. во 12.00 часот.

     

    • Електронското Јавното наддавање ке се одржи по евалуација на доставените понуди
    • Јавното надавање ќe се одржи на www.eaukcijaohrid.mk . Напатствија, инструкции и лозинка во писмена форма ке добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното наддавање
    • За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на ЈП Градски Пазар Охрид.
    • За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за урбана опрема под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 3.2.

     

    или

     

    • Јавно надавање ќe се одржи во просториите на Јавното пратпријатие Градски пазар Охрид.
    • За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на  понудувачот.
    • За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за урбана опрема под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 3.2.

     

    1. Предмет на јавно наддавање

     

    • Предмет на јавното наддавање е месечна конечна цена, односно за период од 30 дена

     

    1. 7. Склучување на договор

     

    Договор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.

     

    Договорот ќе се склучи во рок од три работни дена од денот на приемот на Известувањето за избор на најповолен понудувач.

     

    По склучувањето на Договорот, веднаш а најдоцна во рок од 3 дена, понудувачот е должен во целост да ги подмири сите трошоци кои произлегуваат од постапката, вклучувајќи ја и комуналната такса.

     

    По склучување на договорот и подмирувањето на обврските кои се услов за склучување на истиот, (уплатата на комуналната такса и подмирување на обврската која произлегува од задолжението, како и склучување на договор за јавна чистота со JП “Охридски Комуналец) избраниот понудувач е должен да се придржува до одредбите на склучениот договор.

     

    Доколку понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање, не склучи договор во цитираниот рок, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач.

     

    Доколку понудувачот кој доставил најповолна понуда на јавното наддавање, од било која причина се откаже од потпишување договор, во тој случај Јавното претпријатие неповратно го задржува уплатениот депозит на ваквиот учесник.

     

    Доколку има потреба или во случај на евентуална попреченост од било кои причини , Општина Охрид и Јавното претпријатие Градски пазар Охрид го задржуваат правото да извршат промена на една или повеќе локации, а закупците како корисници на услугите во ваков случај се обврзуваат да ги прифатат новонастанатите промени на локациите.

    Доколку корисникот на услугата не ја прифати таквата промената состојба и промена на локацијата, тоа претставува основ за двострано раскинување на договорот, во рок од 8 дена без можност за надомест на штета ниту било какви други меѓусебни парични или непарични побарувања кои би произлегле од предвременото раскинување на договорот, освен исплатата на целокупниот долг по основ на закупнина по договор.

    Во случај на раскинување на договорот поради горенаведените причини, закупецот е должен на Закуподавецот да му го исплати целокупниот долг по основ на закупнина по договорот и освен исплатата на долгот на име закупнина, договорните страни немаат право меѓусебно да истакнуваат никакви други надоместоци и останати парични побарувања.

    Напомена: Закупувачите задолжително треба да се поставуваат на предвидените локации на Улица Кеј Македонија, Плоштад Крушевска Република и Патека Студенчишта. Забрането е поставување на опремата на Плоштад Св.Климент Охридски и ул.Македонски Просветители, а доколку не се почитува ова правило, договорите ќе бидат раскинати еднострано без надомест на штета спрема закупците.

     

    Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар  Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.

     

     

     

     

    ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД

    В.Д  Директор

    Александар Попоски

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img