Македонските ракометни екипи денеска ги дознаа ривалите во ЕХФ купот.
Освојувачот на Купот на Македонија, Алкалоид во второто квалификациско коло ќе се соочи со Драгунас Клаипеда од Литванија. Првиот натпревар Алкалоид ќе го игра на домашен терен, а на реваншот ќе гостува во Литванија.
По ист редослед натпреварите ќе ги игра и ГРК Охрид, исто така во второто коло од квалификациите купот. Охриѓани за противник го добија романскиот претставник Потаиса Турда.
Тиквеш за противник во првото коло го доби тимот на Драма од Грција. Кавадарчани првиот натпревар ќе го играат на гостински терен, а домаќини ќе бидат на раваншот
Средбите од првото квалификациско коло во ЕХФ купот ќе се играат на 14/15 септември и на 21/22 септември (реванши).
Второто коло е предвидено за 19/20 и 26/27 октомври (реванши).