More

    Трговците би можеле да загубат најмалку милијарда долари годинава бидејќи Гана, вториот најголем светски производител на какао, доцни со испораката на суровината и сака да ја одложи до 2025 година

    spot_img

    Трговците би можеле да загубат најмалку милијарда долари годинава бидејќи Гана, вториот најголем светски производител на какао, доцни со испораката на суровината и сака да ја одложи до 2025 година.

    Како што се наведува, намалените испораки од 350.000 тони во 2024 година значи дека трговците и преработувачите на какао би можеле да се соочат со загуби од 4.000 долари за тон фјучерси што ги купуваат за да ја заштитат испораката на нивната стока.

    Вкупните загуби на тој начин би можеле да изнесуваат 1,4 милијарди долари.

    Трговците обично купуваат какао неколку месеци однапред со надеж дека подоцна ќе го продадат со профит, и со тоа заземат таканаречена долга позиција на пазарот.

    Тие сепак долго чекаат на физичка испорака на стоката и мора да се заштитат од можни намалувања на цените, а тоа го прават со заземање кратка позиција на фјучерс пазарот за да се заштитат од загуби на долга позиција.

    Кога стоката конечно ќе пристигне, кратките и долгите позиции по правило се откажуваат една со друга, гарантирајќи фиксна цена за стоката.

    Проблемот со оваа стратегија се јавува кога доцни испораката на стоки, а трговците се принудени да ги ликвидираат кратки позиции за месецот во кој ја очекувале стоката и да заземат нова кратка позиција за месецот кога робата ќе им биде испорачана.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img