More

    Европарламентарци бараат на Унгарија да и се одземе правото на глас

    spot_img

    Членови на Европскиот парламент побараа да и се одземе правото на глас на Унгарија во ЕУ поради патувањата на унгарскиот премиер Виктор Орбан во самоиницијативна „мировна мисија“ во Русија и во Кина, објави „Политико“.

    Во писмото добиено од уредниците на публикацијата, 63 европратеници им се обраќаат на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.

    Европарламентарците истакнуваат дека унгарскиот премиер Виктор Орбан „веќе нанел значителна штета користејќи и злоупотребувајќи ја улогата на претседавач со ЕУ“.

    Унгарија го презеде ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ од Белгија на 1 јули. Оттогаш, Орбан презема соло „мировни мисии“ во Киев, Москва, Пекинг и Вашингтон и, без да биде овластен да го стори тоа, тврди дека ја претставува ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img