Британската влада најави зајакнување на вооружените сили за справување со „смртоносната четворка“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британската влада најави зајакнување на вооружените сили, со цел да се подготви за соочување со „смртоносната четворка“ составена од Кина, Иран, Северна Кореја и Русија.

Владата му довери на поранешниот британски министер за одбрана и поранешен генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, задача да ја анализира состојбата на вооружените сили и да поднесе извештај во првата половина на следната година.

Робертсон оцени дека вооружените сили мора да бидат подготвени за борба, поради високиот степен на закани, пренесува Ројтерс.

Соочени сме со смртоносен квартет земји кои сè повеќе соработуваат и во Британија и НАТО мора да бидеме способни да им се спротивставиме, им рече Робертсон на новинарите.

Британскиот премиер Кир Стармер најави дека инвестициите во одбраната ќе се зголемат на 2,5 отсто од бруто домашниот производ.

Робертсон рече дека минатонеделниот самит на НАТО во Вашингтон покажа дека предизвикот што го поставува Кина треба да се сфати многу сериозно.

Share This Article