Пешачењето е моќна алатка за физичко и ментално здравје. Се проценува дека пешачењето 21 минута дневно може да го намали ризикот од срцеви заболувања за 30%, според извештајот на Харвард Хелт. Во извештајот се наведува и дека „покажано е дека пешачењето го намалува ризикот од дијабетес и рак, го намалува крвниот притисок и холестеролот и ја одржува менталната острина“.
Со други зборови, одењето има сериозни здравствени придобивки; плус, тоа е бесплатен тренинг кој не бара никаква опрема или многу планирање.
„Пешачењето е одлична форма на вежбање што ја намалува смртноста од кардиоваскуларни болести и често е во корелација со други здрави навики и однесувања“, вели д-р Тамана Синг од Клиниката во Кливленд.
Пешачењето ги поништува и негативните ефекти од продолженото седење. Ако ви треба мотивација, обидете се да шетате со пријател. Слушањето музика или подкасти е исто така добра опција.
„Доколку не можете да одвоите 21 минута дневно за пешачење, дури и пократки прошетки се исплатливи“, се додава во извештајот на Harvard Health. Всушност, една студија на Универзитетот во Јута од 2014 година покажа дека за секоја минута брзо одење на жените во текот на денот, нивниот ризик од дебелина се намалува за пет проценти.