More

    Украинец во цивилка соборува руска ракета, видеото стана хит

    spot_img

    Украинец во цивилка, облечен во шорц и маичка од рамото истрелува крстосувачки проектил за да пресретне руски напад и соборува руска ракета. Видеото од необичната украинска одбрана го сподели поранешниот советник на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко, на својот профил на платформата Х и се шири на социјалните мрежи.

     

    На кратката снимка се гледа како украински војник пука проектили, додека во позадина се слушаат гласови кои слават, што имплицира дека руска ракета е успешно пресретната. Не е јасно каде и кога е снимено видеото, пишува Newsweek, додавајќи дека Украинецот на видеото користи MANPADS, пренослив систем за противвоздушна одбрана.

    Украина доби неколку типови MANPADS, вклучително и ракети Стингер од американско производство и британски проектили со краток дострел StarStreak. Според документите на Пентагон, САД до денес испорачале повеќе од 2.000 Стингери на украинските војници.

    MANPADS системите често се управувани од едно лице кое испука проектил од неговото рамо, а системот по потреба, лесно се движи низ бојното поле.

    Киев тврди дека овие системи досега биле користени за уништување цели како руски борбени авиони или хеликоптери и помали цели како беспилотни летала.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img