Кога поранешниот американски претседател Доналд Трамп лани беше обвинет за неправилно постапување со стотици доверливи документи, американското Министерството за правда објави слики од она што беше пронајдено при претресот во неговимот имот Мар-а-Лаго во Флорида.
Денеска окружната судијка во Флорида го отфрли кривично дело, пресудувајќи дека специјалниот советник Џек Смит кој го води обвинителство нема овластување да го покрене случајот поради имунитетот на Трамп. Иако обвинението има 93 страници, судијката Ајлин Канон пресече дека обвинителството со предметот ја „прекршува“ клаузулата за назначување од Уставот на САД, пишува Би-Би-Си.
Обвинението од 37 точки го обвини Трамп дека чувал досиеја на неговиот имот на Флорида, вклучително и во бањата и во салата за бал и дека ги лажел инспекторите. Се тврди дека тој потоа се обидел да ја попречи истрагата за ракувањето со документите.
Некои од точките од обвинеијата можеа да му донесат 10 години затвор на Трамп поради дела порзани со шпионажа, а некои поврзани со заговор и со задржување или прикривање документи и до 20 години затвор.
Но, сега тоа е зад Трамп. Само два дена по неуспешниот атентат врз американскиот претседателски кандидат тој дојде во Милвоки во Висконсин за да одржи еден од своите клучни митинзи – клучен бидejќи токму оваа држава може да му ја донесе победата.
Трамп рече дека среќата или Господ го спасиле во атентатот во кој беше раскрвавено неговото десно уво.
А за обвинението против него кое сега ќе биде отфрлено, тој изјави дека тоа „треба да биде првиот чекор“, инсистирајќи дека сите четири кривични случаи против него треба да бидат отфрлени.
Во објавата на неговата платформа „Truth Social“, Трамп вели дека американското Министерство за правда „ги координирало сите овие политички напади, кои се заговор за мешање на изборите против политичкиот противник на Џо Бајден, јас“.
Пред неговото појавување на Националната конвенција на Републиканците, Трамп, исто така, ги повика своите поддржувачи „да се здружат за да стават крај на секакво користење на нашиот правосуден систем како оружје“.