More

    Доларот и криптовалутите во понеделникот пораснаа поради трговските размени во полза на кампањата на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, во контекст на обидот за атентат

    spot_img

    Доларот и криптовалутите во понеделникот пораснаа поради трговските размени во полза на кампањата на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, во контекст на обидот за атентат, пишува Ројтерс.

    78-годишниот Трамп одржуваше предизборен митинг во Пенсилванија за време на викендот кога одекнаа истрели, a куршум му го погоди десното уво.

    Инвеститорите реагираа со инвестиции кои ги подобруваат шансите за победа на Трамп во ноември, што, пак, ги зголеми вредностите на доларот и на криптовалутите во понеделникот.

    – Гласовите поради симпатија може да ги зголемат шансите за победа на Трамп бидејќи повеќе негови поддржувачи може да излезат на гласачките места во ноември за да гласаат за него – рече управниот директор за инвестициска стратегија во OCBC, Васу Менон.

    Вестите за атентатот врз Трамп влијаеа и на расположението на азиските пазари, а инвеститорите повеќе проценуваат победа на Трамп во ноември.

    – Атентатот веројатно ја подобрува репутацијата на Трамп – вели главниот инвестициски директор на фирмата „Кресет капитал“, Џек Аблин.

    Според веб-страницата за онлајн обложување Предикт Ај-ти, веројатноста за победа на републиканците е поголема одошто онаа во петокот. Републиканците имаат двојно поголема веројатност да победат на изборите одошто демократите.

    Во однос на доларот, еврото падна за 0,2% на 1,0888 долари, додека, пак, стерлингот се намали за 0,13% на 1,2973 долари.

    Цените на криптовалутите на сличен начин се зголемија во очекување на победата на Трамп, а биткоинот траеше 5% на 62.997 долари.

    За време на мандатот на Трамп, пазарните аналитичари очекуваат построга трговска политика и помалку регулативи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img