Новак Ѓоковиќ загуби од Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон со 3-0 во сетови. За српскиот тенисер ова е разочарувачко второ загубено финале по ред на прстижниот лондонски турнир од истиот противник.
Но, она што го одбележа ова финале е доаѓањето на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, која за прв пат се појави на јавен настан откако објави дека боледува од рак.
Кога Ѓоковиќ и пријде на церемонијата и се поклони, како што прилега при приоѓање на некого од кралското семејство, таа одговори со насмевка и со благодарност.
После тоа малку се позборуваа, а Новак на конференцијата за медиумите откри што и рекол на Кејт Мидлтон.
– И кажав дека ми е мило што ја гледам во добра состојба, тоа е многу важно за земјата, за кралското семејство. Тие даваат голема поддршка на овој турнир, нејзината сестра долго време играше тенис и тие многу ја почитуваат и ја ценат играта, ја разбораат. Извонредно е кога имате толку голема поддршка од кралското семејство – рече Новак Ѓоковиќ на завршната прес-конференција.