Лаутаро херој на нацијата! Меси скршен од емоции по повредата

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Незапамптени сцени на паника, човечко стампедо, инциденти и апсења на хулигани во двете навивачки групи му претходеа на финалето на Копа Америка на „Хард рок“ во Мајами.

Натпреварот доцнеше повеќе од еден час, откако дојде до инциденти пред навивачите да влезат на стадионот, а потоа голем број луѓе се заглавија во човечкото „стампедо“ кое настана, откако полицијата ги затвори влезните врати.

 

 

Поради ова беше одложен почетокот на натпреварот. Првично, натпреварот, кој требаше да започне во 2 часот по македонско време, беше одложен за половина час, потоа за еден час, а потоа и за 1 час и 20 минути.

Финалето на турнирот започна во 3:20 часот по македонско време.

 

 

Полицијата издаде соопштение во кое се вели дека инцидентите кои му претходеа на влезот во стадионот, ја принудила полицијата да не дозволи влез на хулигани и да ги затвори вратите.

- Advertisement -
Ad image

Со напомена дека имаат напомена за нетолеранција на насилството, американските полицајци ја префрлија топката и одговорноста кај двете навивачки групи.

 

 

- Advertisement -
Ad image

Двете федерации, аргентинската и колумбиската реагираа по инцидентите, а аргентинските медиуми јавуваат дека во големата гужва биле и семејства на аргентинските репрезентативци.

Инаку ретко кога на фудбалскиот терен може да се види Лионел Меси облеан во солзи од болка и емотивно празнење. Токму тоа се случи на веројатно неговиот последен натпревар на Копа Америка. Во финалето во Мајами, Аргентина ја освои титулата со победата над Колумбија со 1-0, а натпреварот на Меси траеше 66 минути.

Моментот по кој ќе се памети ова здодевно финале се случи кон средината на вториот дел. Меси побара замена и драматично заплака на клупата, откако потече неговиот зглоб од ногата. Во текот на целиот натпревар трпеше стартови на колумбиските фудбалери.

 

 

По шеснаесетти пат во историјата Аргентина е освојувач на Копа Америка. Со овој трофеј „гаучоисите“ се најтрофејни на континентот и имаат една титула повеќе од Уругвај. Во грубо и фудбалски негледливо финале во Мајами, Аргентина ја совлада Колумбија со 1-0, по продолженија.

Натпреварот го одбележа победоносниот гол на Лаутаро Мартинез и солзите на Лионел Меси, кој повреден побара замена во вториот дел и прсна во плач на клупата.

Дуелот доцнеше повеќе од еден час заради големи пропусти во организацијата, навивачки инциденти и драматични сцени. А и на теренот беше драматично. Агресивната игра од двете страни, посебно од Колумбијците, ја премина границата. Иако токму тие преку Кордоба ја имаа првата шанса во финалето, сепак бранителот на трофејот ја имаше топката повеќе во своите нозе и се закануваше со удари од далечина.

Моментот по кој ќе се памети ова здодевно финале се случи во 66. минута. Меси побара замена и драматично заплака на клупата, откако потече неговиот зглоб од ногата. Нико Гонзалез влезе во игра и Аргентина продолжи да притиска. Моментот на одлука сепак дојде во продолжувањага. Лаутаро Мартинез им побегна на дефанзивците и со шут меѓу рацете на колумбискиот голман Варгас ја погоди целта (1-0). Овој натпревар беше последен во кариерата во националниот дрес за Анхел ди Марија.

Скромниот спектакл на теренот во Мајами го збогати Шакира со мини-концерт од дваесеттина минути на полувремето од натпреварот.

Share This Article