РЦУК Скопје известува дека пожарот зад детска клиника за белодробни заболување – Козле Скопје е локализиран.
Интервенирало едно противпожарно возило со тројца пожарникари, а се гаснеше ниска шума, грмушки и трева.
Исто така, како што информираат од ЦУК, до Сектор за операции и координација добиена е пријава за пожар во с. Бојане, Општина Сарај, кај стадионот, при гори ниска вегетација.