More

    Таравари потврди дека детето има повреди на едната рака

    spot_img

    Стручна комисија формирана од министерот Арбен Таравари ќе утврдува дали имало грешки во третманот на тримесечното бебе на Детската клиника, кое има траги на насилство на едната рака.

    Родителите вчера обвинija  дека нивното дете, има модринки по телото кои му ги направила некоја од медицинските сестри додека бебето било хоспитализирано една недела на одделот за имунологија.

    Според директорот на Клиниката, Комисијата ќе истражува дали се направени пропусти, а извештајот се очекува да биде готов за неколку денови.

    По веста дека бебето е со траги на насилство, министерот Таравари заедно со директорот на Детската клиника синоќа се сретнаа со семејството на детето, по што Таравари  и самиот потврди дека станува збор за видливи повреди на раката на бебето и рече каква и да е вистината, виновниците ќе бидат казнети.

    -Родителите се жалеа дека можеби не е третирано како што треба на Клиниката. Заедно со директорот дојдовме одблизу да видиме што се случува. Сите пациенти се важни, но децата се посебно важни. Ви гарантирам дека веднаш ќе преземеме мерки против тие коишто постапиле лошо кон детето коешто дојдовме вечерва да го посетиме. Не смееме да се однесуваме лошо кон пациентите – рече Арбен Таравари, министер за здравство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img