Бебе во тешка здравствена состојба било оставено во центарот на Велес. Него го пронашол случаен минувач и го однел во болница, соопшти велешкиот Секторот за внатрешни работи.
Како што се наведува во соопштението, синоќа во 17.40 часот во СВР – Велес, од Градската болница било пријавено дека од страна на случаен минувач, кај нив било донесено бебе, кое било оставено во велешкото централно градско подрачје.
„Извршен бил разговор со докторка од болницата, која рекла дека бебето било во тешка здравствена состојба и дополнително се чекаат резултати од здравствено испитување. Според докторката, по кратко време во болницата дошла С.К., на околу 20-годишна возраст и се претставила дека била мајка на бебето, но, потоа ја напуштила болницата“, се наведува во соопштението.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.