More

    Сè уште се активни пожарите на планината Серта во Неготинско и во Штипско и на планината Огражден близу бугарската граница

    spot_img

    Сè уште се активни пожарите на планината Серта во Неготинско и во Штипско и на планината Огражден близу бугарската граница. Се интервенира од земја и од воздух при што покрај ангажирањето на армиски и на хеликоптери на МВР, по неколку месеци повторно се ставени во функција и Ер-тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување откако се надмина проблемот со пилотите.

    -Како засилување на силите кои гаснат од земја, еден армиски хликоптер започна со дејство врз пожарот на планината Серта додека полицискиот хеликоптер се подготвува да полета. Два ер-трактори кон Серта ќе полетаат во 10 часот – најави утрово директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

    Најкритично е кај неколку села кои се во атарот на Општина Неготино.

    Кризниот штаб на Општина Неготино синоќа апелираше  домаќинствата во селата и во градот, да ги чистат тревните површини околу своите дворови, имотите и останатите подрачја и да ги следат препораките на МВР..

    Двајцата пилоти на Дирекцијата за заштита и спасување ги поминале процедурите потребни пред секое полетување и авионите ер трактори се упатени кон гаснење на пожарот во Неготинско, информира вчера за МИА директорот на ДЗС Беким Максути.

    Активен е и пожарот на планината Огражден, на територијата на Општина Ново Село, на македонско-бугарската граница.

    Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК), врз пожарот се дејствува на две жаришта кои се активни, а е најавено и вклучување на  армиски хеликоптер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img