More

    МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

    spot_img

    Градоначалникот  на Охрид, Кирил Пецаков денеска ја прими министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска која беше во прва официјална посета на Општина Охрид.

    На работниот состанок, градоначалникот Пецаков и министерката Божиновска потпишаа  меморандум за соработка.

    Страните потписнички меѓусебно ќе соработуваат и взаемно ќе укажуваат  помош и поддршка со цел размена на информации, податоци, искуства, знаења, едукација и обука како и остварување на други видови на соработка согласно законски утврдената надлежност на дветре страни.

    Целта на Меморандумот е регулирање и воспоставување соработка помеѓу страните потписнички во зголемување на енергетската ефикасност на јавните објекти, домаќинствата и индустријата, промовирање на зелена транзиција  преку градење на капацитетите  и размена на  вештини. Зголемување  на свеста, помош при пополнување апликации  за меѓунродни фондови и институции, обука и работилници.

    Потпишаниот документ отвора можност за организирање на заеднички настани, подготовка на извештаи  и други форми на соработка кои ќе бидат договорени меѓу двете страни.

    На работната средба се разговараше и за финансиските обврски на локалната власт  по однос на потрошена електрична енергија на јавните претпријатија, а се разгледаа и можностите за реализирање на заеднички проекти.

     

     

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img