Англиски репрезентативец се најде на мака пред мечот за титулата

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Англија и Шпанија во недела ќе го играат финалето на Европското првенство во Германија, но на еден англиски претставник ќе му биде тешко да се фокусира на најдобрата можна игра. Како што пишува „Сан“, англискиот фудбалски репрезентативец Кајл Вокер е на мака затоа што неговата сопруга Ени Килнер и неговата љубовница Лорин Гудман отпатувале во Германија за да ја бодрат Англија во финалето.

Британските медиуми пренесуваат дека на обезбедувањето на англиската репрезентација им било наредено да ја држат Лорин подалеку од зоната во која се наоѓаат фудбалерите на Англија и нивните семејства, за да се избегнат можни инциденти.
– Лорин е проблематична, а најлошиот кошмар на Ени би бил средбата со неа. Се шпекулира дека седиштата на трибината на Лорин се на помалку од 100 метри од оние на Ени – вели изворот.

 

Сопругата на Вокер со себе во Германија ги донесе и нивните четири деца, а Лорин го донесе и детето што го има со англискиот фудбалер.

Лорин неодамна на својот Инстаграм профил објави фотографија од детето облечено во дресот со број 2 на Вокер, кој сега е заклучен за јавноста, само што наместо неговото презиме, на дресот пишува „тато“.

Лорин на почетокот на годината изјави дека на сопругата на фудбалерот ѝ покажала ДНК тест кој докажува дека Вокер е татко на нејзината ќерка.

-Беше кул и мирна бидејќи се сомневаше дека Кајл е таткото – рече Лорин Гудман.

Вокер, тврди Гудман, ја криел вистината од сопругата и од светот.

- Advertisement -
Ad image

– Имаше две семејства и се плашеше што ќе се случи кога Ени ќе дознае. Постојано му велев дека нашата ќерка не може да биде тајна, таа е личност – изјави Лорин.

Сепак, драмата не завршува тука. Кајл ги изневерил и Ени и Лорин со трета жена, објавија британските медиуми претходно оваа година. Фудбалерот ја запознал неименуваната манекенка во клубот на почетокот на 2019 година, а нивната врска траела до септември 2021 година. Парот, според британскиот таблоид, размислувал да има деца.

Вокер, инаку, има четири деца со Ени, а две со Гудман. Фудбалерот неодамна се извини за сите негови постапки.

- Advertisement -
Ad image

– Она што го направив беше ужасно и ја преземам целосната одговорност. Донесов идиотски избори и идиотски одлуки. Не можам ни да замислам низ што поминува Ени – вели англискиот репрезентативец.

– Кога ја запознав Ени на 17 години, никогаш не замислував дека мојот приватен живот ќе биде ваков. Никогаш не мислев дека ќе бидам татко на шест деца. Единствениот виновен сум јас. Имам одговорности за кои сум свесен. Направив глупави избори, но морам да ги признаам моите грешки, тоа им го должам на сите – додава Вокер.

Share This Article