More

    Договорот меѓу САД и Германија за повторно стационирање на американските крстосувачки ракети во Германија предизвика поделени реакции во германската јавност

    spot_img

    Договорот меѓу САД и Германија за повторно стационирање на американските крстосувачки ракети во Германија предизвика поделени реакции во германската јавност, анализира хрватски Индекс.

    – Се работи за фактот дека заштитата на Германија вклучува и заплашување, односно одвраќање, а затоа ни се потребни точни проектили со долг дострел. Затоа ова е добра одлука – рече германскиот канцелар Олаф Шолц на маргините на самитот на НАТО во Вашингтон.

    Заплашувањето како дел од одбраната Одлуката за повторно стационирање на крстосувачки ракети, по пауза од повеќе од 20 години, Шолц го оцени како оправдано.

    – Сите знаеме дека има неверојатно вооружување во Русија, со оружје што ја загрозува и европската територија – рече канцеларот.

    Тој изрази изненаденост од критиките кои доаѓаат од внатре во неговата партија.

    – За секој што се занимава со прашања од одбраната, оваа одлука која долго се донесува не е изненадување – рече Шолц.

    На маргините на самитот на НАТО, Германија и САД потпишаа договор за стационирање на крстосувачки ракети Томахавк со дострел над 2.000 километри, што е доволно за напад на Москва, која е оддалечена а околу 1.600 километри од Германија. Дополнително, планирано е распоредување на ракети земја-воздух од типот СМ-6, како и новоразвиени суперсонични ракети.

    Стационирањето, како што е соопштено, е привремено, додека Германија и другите партнери на НАТО во Европа не развијат свои крстосувачки ракети. Овој став го споделува и германскиот министер за одбрана Борис Писториус кој вели дека Вашингтон очекува ЕУ да ја

    Додека ставот на десничарската Алтернатива за Германија(АфД) е дека оваа акција ја прави Германија повторно мета на можни напади, партијата на Зелените изјави разбирање за договор иако го критикуваше.

    Москва го критикуваше договорот за стационирање на ракети, а руското Министерство за надворешни работи најави дека „ќе бидат преземени соодветни мерки“ без да прецизира кои мерки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img