More

    Банките ги намалија каматите на новопримените штедни влогови

    spot_img

    Во мај, за прв пат годинава банкарите посегнаа по намалување на каматите за новопримените штедни влогови. Трендот на раст на каматите за новите депозити на граѓаните и на фирмите е „прекинат“, пишува Порталб.мк.

    Од друга страна забележливо е тримесечно „бетонирање“ на каматите за новите кредити на домаќинствата. Ваквите трендови веќе беа најавени од страна на банкарите – годинава започна со заострени услови за кредитирање.

    За прв пат годинава, во мај во споредба со април е регистриран пад на каматите за новопримените штедни влогови. Според податоците од Народната банка, просечната камата на новопримените депозити во мај изнесувала 2,36% што е за 0,18% процентни поени пониска во однос на онаа во април. За прв пат од почетокот на годинава банкарите посегнале по намалување на каматите за новите штедни влогови и на граѓаните и на компаниите.

    „Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, изнесува 5,16% и на месечна основа е намалена за 0,41 п.п. Надолната промена произлегува од намалените каматни стапки на денарските кредити со валутна клаузула. Во споредба со мај минатата година, оваа каматна стапка е намалена за 0,20 п.п“ – се наведува во новиот Извештај од НБМ. Каматата на вкупните депозити и натаму е во пораст, достигнувајќи 1,86%.

    Јазот помеѓу каматите за штедење и на кредити и натаму останува забележителен. Во мај каматата на вкупните кредити изнесувала 5,49% со пад на месечна основа од 0,02%. Новиот банкарски извештај на НБМ покажува дека каматите за кредити и натаму се со тренд на опаѓање. Во мај, и на месечно и на годишно ниво, има и пад на каматите на новоодобрените кредити.

    Според информациите од банките, каматата на новоодобрените кредити и за домаќинствата и за фирмите се намалува но каматата на вкупните кредити за граѓаните стагнира (без промени) во март, април и мај одржувајќи се на ниво од 5,65%.

    Во објавениот „Извештај за ризиците во банкарскиот систем во првиот квартал од 2024 година“ на НБМ се нотира дека кредитите и депозитите се концентрирани во банки со странски или со претежно странски капитал – скоро 83% од кредитната задолженост на граѓаните и на корпоративниот сектор и речиси 71% од штедните влогови се во банки со доминантно странски акционери.

    Во вкупниот „кредитен колач“ најголем удел од 21,1% имаат банки /банка со грчки сопственици, со 17,8% е Словенија а на трето место со опфат од 15,2% е банкарска групација во доминантна сопственост на австриски акционери. На вкупниот банкарски кредитен пазар учеството на банките во сопственост на домашни акционери изнесува 17,2%.

    Од друга страна 70,8% од вкупните депозити (домаќинства, корпоративен сектор, вкупен нефинансиски сектор) „лежат“ во банки со доминантен странски капитал при што најголем дел од штедните влогови, исто како и кредитите, се во банки со доминантен грчки капитал со удел од 18,0%, потоа банка во сопственост на акционери од Словенија со опфат од 16,9% и на трето место е банка во доминантна сопственост на турски акционери со удел во депозитниот колач од 12,1%. Од вкупната депозитна база 29,2% е во банка во сопственост на домашни акционери.

    Во мај годинава вредноста на вкупните кредити изнесуваше 7, 459 милијарди  евра. Домаќинствата само по основ на потрошувачки кредити должеле 1.981 милијарди евра. Вкупните кредити заклучно со петтиот месец од годинава изнесувале 8.825 .500 евра, со годишна стапка на раст од 8,2%.

    Поради сè уште присутните надворешни ризици, но и поради двојниот изборен процес во земјава од почетокот на годинава се забележува одредена воздржаност од нови кредитни заеми поради очекувањето кое беше насочено кон постизборната политичка разврска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img