More

    Николоски кажа и каде на друго место ќе одат дел од парите

    spot_img

    Ова се едни од најдобрите услови кои што можат да се добијат и нека размислат граѓаните дали било кој може вакви услови да добие од било која банка, изјави Александар Николоски, заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт заемот од 500 милиони евра што Македонија ќе ги добие од Унгарија.

    -Позајмицата е во износ од 500 милиони евра  и тоа е голема сума, имаме 3 години грејс период што значи во тие 3 години не враќаме ништо. Вкупен рок за отплата се 15 години и каматата е само 3,25%, што е историски најниска камата- рече Николоски во емисија на телевизија Алфа.

    Според него, уште поважно е тоа со Унгарија ќе се воспостави стратешко економска соработка што ќе значи дека Македонија ќе има можност во годините коишто доаѓаат преку оваа соработка да искористи и други средства.

    -Зошто ни се потребни овие средства? Овие средства ни се прво за да го поддржиме стопанството. Под исти услови под кои што ги земаме овие средства ќе ги пласираме во стопанството. Тоа е за првите 250 милиони евра, а додека пак другите 250 милиони евра ќе ги користиме за општините за да ги развиеме општините, Постигнат е одличен договор и Унгарија покажа дека е еден од најдобрите пријатели на Македонија. Виктор Орбан покажува една прекрасна визија за Македонија. Интерес на Унгарија е единствено стабилна и развиена Македонија. Нивниот интерес е Македонија да стане членка на ЕУ – рече Николоски.

    Во однос на критиките од СДСМ за позајмицата Николоски рече дека „само во сфаќањата на СДСМ е добро Македонија да се задолжи повеќе.

    -Затоа тие ја задолжија Македонија колку што ја задолжија. Само во сфаќањата на СДСМ е подобро да се има повисока отколку пониска камата. И само во нивните сфаќања пократок отколку подолг рок на враќање, затоа СДСМ изгуби на избори и доживеа крах – рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img