More

    Што предизвикува инфекции на надворешниот ушен канал во лето и како да ги препознаете?

    spot_img

    Инфекциите на надворешниот ушен канал можат да бидат акутни или хронични и може да се појават во неколку форми.

    Надворешниот ушен канал е често место на инфекција, особено во летните месеци кога се почести базените и бањите.

    Инфекциите на надворешниот ушен канал можат да бидат акутни или хронични.

    Акутните инфекции на надворешниот ушен канал во летните месеци се јавуваат како последица на траума, како реакција на туѓо тело и поради нехигиена.

    Предизвикувачките агенси се најчесто бактерии и габи.

    Хроничната инфекција настанува поради иритација на ушниот канал со одводнување на гнојна содржина од средното уво поради перфорација на тапанчето.

    Воспалението на надворешниот ушен канал се јавува во неколку форми:
    – во форма на локализирана инфекција која е резултат на инфекција на коренот на косата

    – како инфекција која го опфаќа надворешниот ушен канал и аурикулата и е предизвикана од различни видови бактерии

    – како габична инфекција

    Меѓу бактериите, најчести предизвикувачи се Pseudomonas spp., Staphylococcus aureus и Streptococcus spp.

    Бактериите продираат низ повредената кожа и доведуваат до инфекција. Овие инфекции може да настанат како резултат на пливање или капење, кога кожата мацерира (омекнува поради влажна средина).

    Во текот на летните месеци има зголемен број на инфекции во надворешниот ушен канал предизвикани од бактерии од родот Pseudomonas.

    Кога водата што не е чиста ќе навлезе во надворешниот ушен канал, оваа бактерија доаѓа и до него и наидува на добри услови за нејзино преживување и развој на инфекција.

    Габичната инфекција на надворешниот ушен канал може да биде примарна, каде влажната и топла средина овозможува развој на габи, или секундарна, која настанува како резултат на локална примена на антибиотици. Најчесто се изолираат габите од родот Candida, потоа мувлите, од кои најзастапен е Aspergillus spp.

    Поврзани бактериски инфекции со два или повеќе видови бактерии, како и придружни бактериски и габични инфекции, се вообичаени појави.

    Појавата на симптоми како болка во увото, појава на секрет од увото, чувство на затнување на увото, нарушен слух, покачена телесна температура после капење во река, море, езеро или базен бара лекарски преглед. Анализата на брисевите од надворешниот ушен канал во микробиолошката лабораторија доведува до адекватна терапија, која се применува врз основа на антибиограмот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img