More

    Средба на министерот Дурмиши француски амбасадор Бомгартнер

    spot_img

    Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија Н.Е. Сирил Бомгартнер.
    Министерот Дурмиши на средбата истакна дека економската соработка меѓу Македонија и Франција е одлична и интензивна, а поддршката која Франција ја дава на нашата земја е од големо значење за интеграцијата на земјата во евро-атлантските структури.
    Министерот и амбасадорот се согласија дека постои желба и потенцијал меѓусебната соработка да се прошири во повеќе области, поконкретно во областа на инвестициите од страна на заинтересирани француски компании, ангажирање во изградба на капитални објекти во сферата на енергетиката и зголемување на бројот на туристи од Франција во нашата земја, и обратно.
    Министерот Дурмиши се заблагодари на амбасадорот за поддршка која Република Франција постојано ја дава на Република Северна Македонија, и особено на Министерството за економија и труд.
    Амбасадорот Сирил Бомгартнер се заблагодари на министерот за средбата, ветувајќи дека поддршката на Франција за Северна Македонија како пријателска земја ќе продолжи и во иднина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img