More

    Бранејќи ги семејствата фудбалерите на Уругвај се степаа со навивачите на Колумбија

    spot_img

    По последниот судиски свиреж во полуфиналниот натпревар од Копа Америка меѓу Уругвај и Колумбија (0:1), дојде до тепачка меѓу уругвајските фудбалери кои ги штитеа своите семејства од колумбиските навивачи.

    Семејствата на играчите на Уругвај беа на трибините опкружени со навивачи на Колумбија. По натпреварот Дарвин Нуњез, напаѓачот на Уругвај и Ливерпул забележал дека Колумбијците физички ги напаѓаат членовите на неговото семејство, меѓу кои и малите деца. Бесен се качи на трибината и со тупаници се проби низ десетици колумбиски навивачи до своите најблиски.

    Сега се појави уште една таква снимка. На него се гледа како Мина Бонино, партнерката на Валверде, бега со дете во раце за да се спаси од хаосот што владееше на трибината каде што седеше. Бонино со асот на Реал и Уругвај има два сина. Едниот има 4 години, а другиот само што наполни една година.

     

     

     

     

     

     

     

    Инаку во многу интересен натпревар репрезентацијата на Колумбија ноќеска во Шарлот (САД) ја совлада селекцијата на Уругвај со 1:0 во полуфиналниот натпревар од Купот на Америка.

    Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше фудбалерот за врска Џеферсон Лерма во 39. минута.

    Во финишот на првото полувреме црвен картон доби дефанзивецот Даниел Муњоз, па Колумбијците во текот на целото второ полувреме играа со фудбалер помалку.

    Колумбија во финалето на Копа Америка ќе се соочи со Аргентина. Натпреварот ќе се одигра на 15 јули.

    Уругвајците ќе се сретнат со Канаѓаните во мечот за 3. место што ќе се одигра на 14 јули.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img