Еден од најдобрите светски тенисери Новак Ѓоковиќ реши да ја изненади својата сопруга Јелена со емотивни стихови во пресрет на нивната 10-годишнина од бракот.
Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се заедно уште од средношколските денови, а двојката честопати споделува заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Новак на својот Инстаграм профил сега објави слики од Јелена и него со песната „Islands in the Stream“, а во објавата меѓу другото напиша: „Десет години радост, десет години соништа, десет години како острови, десет години како потоци, десет години како родители“.
Неговата романтична објава ги разнежни следбениците на славниот пар.
Новак во видеото составил бројни заеднички фотографии и видеа кои биле направени за време на нивната врска и брак и на тој начин покажа како изгледале на почетокот на врската.
Новак и Јелена се венчаа во Црна Гора, на празникот Свети Стефан во 2014 година и ги имаат 10-годишниот син Стефан и седумгодишната ќерка Тара.