More

    Александар Котевски стана директор на Македонската филхармонија

    spot_img

    Александар Котевски е назначен за в. д. директор на Македонската филхармонија. Котевски доаѓа на местото на Ангелина Димоска Миташева, која изминативе неколку месеци ја извршуваше оваа функција во институцијата.

    Како што соопштија од Филхамронија, Котевски е вработен во оваа институција како прв виолончелист во оркестарот во 2015 година. Во периодот од 2011 до 2014 година работел како Уметнички директор на Македонската Опера, со која во 2013 година ја организира и ја реализира турнеjата на Македонска Опера во Индонезија каде што настапија во светски познатата сала “Aula Simphony” и во салата на храмот “Tzu Chi”, а концертот се пренесуваше на директен телевизиски пренос пред 50 милиони гледачи. На тој донаторски концерт се собраа над 350.000 евра за настраданите во цунамито во Филипините.

    Редовен член бил на оркестарот на Музичка младина на Македонија, Македонска Филхармонија и нејзиниот камерен оркестар, Меѓународниот оркестар во Сараево и на Дубровничкиот Симфониски оркестар.

    Како член на повеќе оркестри и состави настапувал во: Хрватска, Германија, Австрија, Италија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Индонезија, Шпанија, Америка, Кина, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Казахстан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img