Американската раперка Карди Би беше фотографирана во текот на посетата на Дизниленд во Париз со нејзиниот сопруг Офсет и нивните деца – шестгодишната ќерка Култур и двегодишниот син Вејв.
Триесет и една годишната раперка го привлече вниманието на папараците и минувачите со огромната чанта со потпис на „Шанел“ која чини повеќе од 12.000 долари (11.000 евра). Карди носеше и долг цветен фустан и црни балетанки.
Нејзините фотографии и видеа од Дизниленд набрзо се проширија на социјалните мрежи, а многумина коментираа дека ваквата чанта не и прилега на нејзиниот аутфит, генерално и на самата раперка додека шета низ Дизниленд.
„Елеганцијата не се купува со пари“, „Изгледа како циркус“, напишаа некои.