Според информациите, хрватската пејачка Северина Вучковиќ ќе пее во Сараево на дочекот на Новата 2025 година, а за нејзиниот настап ќе бидат издвоени 400.000 евра.
Имено, иако порано беше неизвесно кој ќе настапи освен Северина и колкави ќе бидат трошоците, сега е потврдено дека нејзиното пеење ќе чини близу 800.000 марки, што е над 400.000 евра.
Според договорот што градоначалничката на Сараево Бенјамина Кариќ ќе го потпише со агенцијата, договорени се дополнителни настани.
Како дел од договорот, предвидено е и пренос на концертот на Сараевската филхармонија од Народниот театар преку ЛЕД екран пред Вечниот оган, во периодот од 19:30 до 21:00 часот. Деталите за другите изведувачи и нивните надоместоци не се наведени во договорот. Според сознанијата на „Ослобоѓење“, градоначалничката Кариќ се обврзала дека градот Сараево од буџетот ќе издвои близу 680.000 марки, кои со ДДВ изнесуваат околу 795.000 КМ.
Инаку, ваквата одлука на градоначалничката наиде на револт кај сараевчани кои се против „фрлање“ пари на хрватската пејачка и на новогодишниот концерт, пренесува „Тајм.ба“.
Да потсетиме, Бенјамина Кариќ пред извесно време ги прозва своите сограѓани кои отишле на концертот на српската фолк пејачка Александра Пријовиќ.