More

    Пет лица се повредени во тепачка меѓу навивачи на англиската и холандската фудбалска репрезентација во Дортмунд пред вечерашното полуфинале на Европското првенство во Германија

    spot_img

    Пет лица се повредени во тепачка меѓу навивачи на англиската и холандската фудбалска репрезентација во Дортмунд пред вечерашното полуфинале на Европското првенство во Германија.

    Повеќе од 100.000 навивачи, претежно Холанѓани, се очекува да пристигнат во Дортмунд без билети во пресрет на натпреварот, кој започнува во 21 часот.

    „Свесни сме за некои извештаи и видеа од немирите во Дортмунд. Се чини дека имало неколку случаи на холандски навивачи кои ги напаѓале англиските навивачи во баровите и се обидувале да ги грабнат нивните знамиња. Дознавме дека како резултат на тоа биле полесно повредени пет лица“, се наведува во соопштението на британската полициска единица која се занимава со фудбалските навивачи и има свои претставници во Германија.

    Во соопштението се додава дека на десетици илјади холандски навивачи им се придружила група „ризични навивачи“ кои од Холандија допатувале во Дортмунд и дека британските полицајци им помагаат на германските колеги.

    Германската полиција соопшти дека дошло до конфликт меѓу две групи луѓе во ресторан и дека се повредени одреден број навивачи, пренесува германската агенција ДПА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img