More

    МИЦКОСКИ ОД САМИТОТ НА НАТО Ќе го промовираме мирот и владеењето на правото

    spot_img

    За нас претставува посебна чест и задоволство да се биде во друштво на овие луѓе и заедно со нив да го одбележиме 75 години од постоењето на НАТО Алијансата, најголемата одбранбена Алијанса во Светската историја, порача премиерот Христијан Мицкоски во денешното обраќање од Самитот на НАТО од каде истакна дека македонската влада сака да биде рамо до рамо со сојузниците.

    – Како држава подготвени сме да го дадеме својот придонес на сето она кое што претставува вредност, тука сме заедно со нашите сојузници да ја потврдиме нашата посветеност како до сега, така и во иднина дека ќе го промовираме мирот, стабилноста и владеењето на меѓународното право. Како малоброен народ сакаме да потврдиме дека она кое што за нас е важно, е да во деновите кои што овде ќе разговараме за важните прашања ги донесеме најзначајните одлуки, кои што ќе ја моделираат иднината на човештвото во следните декади – рече Мицкоски.

    Премиерот додаде дека Македонија како држава има намера да продолжи на тој начин да функционира и да ги промовира вредностите, а македонската влада сака да биде рамо до рамо со сојузниците и да го потврди слободарскиот дух на македонскиот народ и македонските граѓани.

    – Она кое што исто така сакам да го потврдам, е дека остануваме посветени на исполнување на обврските, односно минимум 2 проценти од БДП да бидат инвестирани во модернизација на нашата Армија, нешто кое што е многу важно, бидејќи само на тој начин ќе ги следиме современите чекори и ќе ја следиме најголемата Светска одбранбена Алијанса која што некогаш постоела – рече Мицкоски

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img