Премиерот Христијан Мицкоски синоќа остварил средба со познатиот американски дипломат Ричард Гренел.
„Плодна и пријателска вечера со Ричард Гренел, американски дипломат, поранешен директор на американската разузнавачка служба и добар познавач на состојбите на Балканот. Економија, енергетика и владеење на право, теми за продлабочување на соработката“, напиша Мицкоски на Фејсбук.