More

    Мобилен тим на Царинската управа викендов спречил криумчарење на 2 тона месо штетно за здравјето на граѓаните

    spot_img

    Мобилен тим на Царинската управа викендов спречил криумчарење на 2 тона месо штетно за здравјето на граѓаните, соопштија од Управата.

    Превозникот, а воедно и сопственик на транспортното возило, не го пријавил месото со царинска декларација, ниту пак поседувал ветеринарен сертификат за истото.

    Настанот се случил во саботата на царинската испостава Богородица на влез во земјава од Грција. Во товарното возило со грчки регистарски ознаки, со царински документ биле пријавени 28 колети вода, пити, салати и пиперки.

    За извршување на детален преглед, возилото било пренесено во царински склад, каде што, по отпочнување на прегледот, превозникот изјавил дека има и друга непријавена стока – замрзнато свинско месо, чија вредност, согласно дополнително приложените документи, изнесувала 11.000 евра.

    По поднесена кривична пријава, донесена е и пресуда за сторено кривично дело криумчарење на стока.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img