Северна Кореја истрела „неидентификуван проектил“ во источен правец, соопшти во средата јужнокорејскиот воен штаб.Пјонгјанг лансираше повеќе од десет пробни ракети од почетокот на годината, а интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) во март, за прв пат од 2017 година.
Севернокорејскиот режим исто така најави дека ќе продолжи да го развива својот нуклеарен арсенал, игнорирајќи ги повиците на САД за дијалог.
Пробното лансирање во среда се случува неколку дена пред 10 мај, кога новиот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол ќе ја преземе функцијата, најавувајќи построг став кон Северна Кореја.