После Киев и Москва, Орбан бара чаре во Пекинг

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска беше во ненадејна посета на Пекинг, каде се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг. Откако ги посети Украина и Русија, Орбан денеска на Икс објави фотографија од аеродромот во Пекинг и напиша „Мировна мисија 3.0“.

Тој беше пречекан од заменик-министерот за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг и други официјални претставници.

 

 

Орбан потоа се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, објави државната телевизија ЦЦТВ.

Покрај Русија и Украина, крајот на војната „зависи и од одлуката на трите светски сили, САД, Европската Унија и Кина“, напиша Орбан во објавата на Фејсбук на која се гледа како се ракува со Си.

Џинпинг на средбата му рекол на Орбан дека светските сили треба да им помогнат на Русија и Украина повторно да започнат директни мировни преговори, јави државната телевизија ЦЦТВ.

– Меѓународната заедница треба да создаде услови и да обезбеди помош за двете страни да продолжат со директен дијалог и преговори – му рекол Си на Орбан, додавајќи:

– Само кога сите големи сили ќе вложат позитивна енергија наместо негативна енергија, може да дојде до прекин на огнот во овој конфликт и тоа што е можно поскоро.

- Advertisement -
Ad image

Унгарскиот премиер минатата недела беше во ненајавена посета на Москва, каде што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, со кого разговараше и за ситуацијата во Украина.

Пред тоа, тој го посети Киев и разговараше со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кому му предложи да размисли за договор за итен прекин на огнот со Русија.

По повод посетата на Орбан на Москва, претставници на ЕУ соопштија дека тој нема мандат да ја претставува ЕУ во разговорите со Русија.

Унгарија на 1 јули од Белгија го презеде шестмесечното ротирачко претседавање со Советот на ЕУ.

Share This Article