More

    Доктор Чибишев предупредува дека влекачите и инсектите периодов стануваат агресивни

    spot_img

    Директорот на Универзитетската клиника за токсикологија, Андон Чибишев преку социјалните мрежи се обрати со совети и со предупредувања за временските услови овие денови кои, вели, многу им погодуваат на инсектите и влекачите кои стануваат поактивни, а можеби и поагресивни.

    Тој информира дека викендот на Клиниката за токсиколгија бил примен пациент во исклучително тешка здравствена состојба заради каснување од инсект кој, според информациите од дежурниот доктор од Општата болница во Струмица и од кажувањето на пациентот, бил црн инсект кој личел на пајак.

    „Според клиничката слика и клиничките манифестации пациентот е каснат од пајак „црна вдовица“ (Latrodectus), инсект чие каснување може сериозно да го загрози здравјето и животот. Би сакал лично да го истакнам високопрофесионалниот пристап и реакцијата на дежурната екипа од Општа болница во Струмица кои пружиле соодветна итна помош и по пријавување на случајот во Токсиколошкиот информативен центар на Универзитетската клиника за токсикологија и консултација со нашиот дежурен доктор и дежурната екипа итно го транспортираа пациентот во нашата институција“, пишува доктор Чибишев.

    Тој вели дека добива пораки од загрижени граѓани кои се жалат дека се каснати од инсекти и дека во својата околина виделе влекачи, воглавно гуштери и змии.

    „Одредени видови на змии и инсекти кои живеат на нашето поднебје можат ако ве каснат сериозно да ви го нарушат здравјето“, напиша Чибишев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img