Во судар на цистерна со нафта и минибус во западна Украина денеска загинаа 14 лица, меѓу кои и шестгодишно дете, додека една жена ја преживеа несреќата, соошти Итната помош.
Според извештаите, достапни на каналот Телеграм, по сударот минибусот се превртел во поле со пченка во регионот Ривне.
Британските медиуми јавуваат дека брзата помош констатирала дека преживеаната жена се наоѓа во многу тешка состојба.