Столтенберг: Алијансата била однапред информирана дека унгарскиот премиер Виктор Орбан е на пат да ја посети Москва за да разговара со рускиот претседател Путин

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: NATO Secretary General Jens Stoltenberg presents the alliance's annual report at NATO headquarters in Brussels, Belgium March 14, 2024. REUTERS/Yves Herman/File Photo
- Advertisement -
Ad image

Генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека Алијансата била однапред информирана дека унгарскиот премиер Виктор Орбан е на пат да ја посети Москва за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

Столтенберг на самитот на НАТО истакна дека Орбан патува во својство на премиер на Унгарија и дека во Москва нема да го претставува НАТО, чијашто членка е Унгарија, пренесуваат светските агенции.

Орбан претходно денеска пристигна во Москва и по пристигнувањето рече дека со таа посета ја продолжува мировната мисија, откако неодамна го посети Киев каде разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Share This Article