More

    Ѓоковиќ разгневен поради провокаторот на Вимблдон

    spot_img

    Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Вимблдон победувајќи го домашниот тенисер Џејкоб Фирнли (3:1), а само во еден момент се забележа неговата нервоза. Тоа беше по загубениот сет, но не поради послабата игра, туку по којзнае кој по ред провокатор на трибините на Централниот терен, пишува српски Мондо.

    Ѓоковиќ бурно реагираше додека се преслекуваше, веднаш побара реакција од судијата велејќи дека мора да го исфрли навивачот од трибините бидејќи постојано го провоцира. Веднаш го повика обезбедувањето да реагира бидејќи не сака да игра во такви услови.

    Познато е дека Ѓоковиќ трпеше провокации од навивачите, не се справуваше со нив, но кога ја преминуваат границата на „добриот вкус“, тој секогаш реагира.

    – Тој не сакаше да ме гледа во очи кога зборував со него, гледаше во телефонот. Речиси на секој натпревар ми се случуваат ситуации кои се непожелни. Во 95% од случаите го толерирам тоа. Тоа е нешто сосем нормално. Луѓето платиле карта, тие се страсни, сакаат противникот да победи, а ти да испаднеш… Тоа е прашање на личен избор и нивно право – рече Ѓоковиќ на прес-конференција.

    Судијата сепак го игнорираше, го остави навивачот на трибините, а по мечот му пријде Ѓоковиќ и се обиде да разговара со него за неприфатливо однесување.

    – Меѓутоа, кога некој ќе ја премине границата на спортски дух – реагирам. Цел живот сум таков и ќе бидам до крајот на кариерата. Нема да дозволам никој да ме провоцира, понижува и да ме омаловажува. Ги гледам сите в очи и мирно спијам кога ќе се соочам со некого, интересно е како повеќетемина, речиси сите, само ја спуштаат главата. Секој е храбар кога вниманието не е насочено кон него – заклучи тенисерот.

    За потсетување, Новак Ѓоковиќ денеска е слободен, а в сабота ќе игра против Алексеј Попирин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img