More

    Претседателката најави со кои експерти ќе го пополни Советот за безбедност

    spot_img

    Претседателката Гордана Сиљановска Давкова најави дека наскоро својот Кабинет ќе го прошири со советник за внатрешна политика, како и дека ќе ги пополни трите места во Советот за безбедност со експерти за глобалните проблеми, за евроинтеграциите и за климатските промени.

    Како што истакна вечерва Сиљановска Давкова во „Само интервју“, засега има само еден советник за надворешна политика, Жидас Даскаловски, иако може да ангажира уште четворица.

    – Засега имам еден советник, за наворешна политика, тоа е Жидас Даскаловски, а пет може да се ангажираат според законот. Оние луѓе кои јас сакам да ги вклучам долго време бегаат од политиката. Велат дека во секое време ќе дадат совет, но без да се институционализира тоа. Но, ќе биде наскоро и за внатрешна политика, а ќе ги пополнам и трите места во Советот за безбедност. Мерам, сакам во Советот да има експерт за глобалните проблеми, за евроинтеграциите и за климатските промени – нагласи претседателката Сиљановска Давкова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img