More

    Црногорската актерка Ратка Мугоша почина на 74-годишна возраст

    spot_img

    Црногорската актерка Ратка Мугоша почина на 74-годишна возраст, соопштија од Градскиот театар од Подгорица.

    – Со жалење ја информираме јавноста дека црногорската актерка Ратка Мугоша нè напушти на 74 години. Драга Ралe, среќни сме што беше дел од нашиот тим, што првите претстави на Градскиот театар се паметат по тебе, за твојот дух и шарм ќе им зборуваме на новите генерации. Ти благодариме за сè што му даде на нашиот театар и колектив – се наведува во соопштението на Градскиот театар од Подгорица.

    Ратка Мугоша е родена во 1950 година во Подгорица, а се прослави во серијата „Будва на пена од море“. Некои од претставите на Градскиот театар во кои глумеше: „Моето мало привидување“, „Малата принцеза“, „Самовилска кочија“, „Ах, што сè мора кутрото дете“, „Грдото пајче“, „Пепелашка“ „Четири принцези и еден змеј“, „Роман од љубовта“, „Три мускетари“, „Свадба на кралот Вукашин“ и други.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img