Речиси секоја година Грција е опфатена од пожари, но оваа година се очекува ситуацијата да биде поалармантна поради поблагата зима, но и високите температури што ја зафатија оваа земја.
Во текот на вчерашниот ден два шумски пожара избувнаа во регионот Атика каде што се наоѓа Атина. Поради големиот интезитет на пожарот, на населението од најмалку 8 области во близина на главниот град, му било кажано да се евакурира.
Но драматична е состојбата и на грчките острови Хиос, Кос и Крит, пишува РТС.
Огромен шумски пожар избувна во шумските предели на островот Хиос при што мало селце морало да биде евакуирано. Од фотографиите може да се забележи како дел од турисите и локалното население се евакурираат на локалниот стадион.
Драматична е ситуацијата и на островот Кос каде пожарот поттикнат од локалните ветрови почнува забрзано да се шири.
Поради високите температури во последните години, шумските пожари стануваат вообичаени за Грција, а од година во година стануваат се поразорни поради високите температури, сушата и ветерот.