More

    Своите вработени ги нарекувал „робови“, а таа им праќала експлицитни видеа

    spot_img

    Раперот и моден дизајнер Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори веќе подолго време ја шокираат јавноста со своите бизарни модни комбинации и однесување, а сега славната двојка е мета на тужба.

    Како што наведува „Пејџ сикс“, „капката ја прелила чашата“ кај вработените кои работеле на новата апликација на раперот која се занимава со филмови за возрасни.

    Според судските документи, Бјанка била обвинета дека испраќала видеа со несоодветна и експлицитна содржина на вработените, а истите видеа наводно биле достапни и на малолетници кои работеле на апликацијата на раперот.

    Но, Бјанка не е единствената наведена во тужбата. Канје и неговиот соработник Мило Јанопулос, наводно, не им ги плаќале на вработените за сите изработени часови, а во тужбата се наведува и дека кон нив се однесувале „сурово, нечовечки и понижувачки“ и дека ги изложувале на расистички навреди и ги нарекувале „робови“.

    Според документите, раперот и неговиот соработник ангажирале група програмери, меѓу кои имало и малолетни тинејџери од 14 години. Работниците тврдат дека им било ветено дека ќе им платат 120.000 долари кога апликацијата ќе биде готова. Тие потпишале договор за тајност на податоците, а малолетниците морале да потпишат „волонтерски“ договори. Покрај гореспоменатата апликација, тие создале и апликација за стриминг ЈЗЈВСН како конкурент на Спотифај и Епл мјузикc.

    Тие исто така тврдат дека шефовите честопати користеле погрдни термини за нивната возраст, пол, раса и сексуална ориентација кога разговарале со нив. Покрај неисплатените плати и прекувремената работа, вработените бараат и отштета за претрпената душевна болка. Вест и Јанопулос допрва треба да ја коментираат тужбата.

    Покрај неисплатените плати и прекувремената работа, вработените бараат и отштета за претрпената душевна болка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img