Француската фудбалска репрезентација се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство во Германија откако ја совлада Белгија со резултат 1:0.
Коло Муани шутираше од белата точка, а топката го погоди коленото на несреќниот Вертонген и се одби во мрежата од белгискиот гол.
Инаку во 12 минута ни ја донесе првата шанса на натпреварот што ја имаше Франција. „Триколорите“ создадоа вишок по десната страна, а по вратената топка на Гризман од речиси пет метри, немаше кој да ја забие топката во голот.
Најубавата шанса во првото полувреме беше забележана во 34 минута, кога Турам налета на топката по центаршут, но топката помина покрај голот.
До крајот на првото полувреме очекувано Франција беше подобрата екипа која напаѓаше и имаше повеќе шанси за гол, но на крајот мрежата на двете страни од теренот остана недопрена. Практично ништо не видовме во првите 45 минути.
Шансата за игра ја имаа Белгијците во 61 минута. Кевин де Брујине карактеристично упати одлично додавање до Караско, но кога тој требаше да шутира, Ернандез навреме се лизна од зад него за да спречи евентуален гол.
10 минути подоцна, Белгија имаше уште една голема шанса да поведе на натпреварот, но одличниот Манжон ја спаси Франција и со тоа ја „остави во живот“ на овој дуел. Лукаку ја прими топката во шеснаесетникот, шутираше, но Манжон одлично интервенираше.
И тогаш во 85 минута го видовме првиот и едниствениот гол на натпреварот, Франција поведе. Коло Муани шутираше од белата точка, а топката го погоди коленото на несреќниот Вертонген и се одби во мрежата од белгискиот гол.
До крајот имаше шанси на двете страни на теренот, но немаше голови, па резултатот остана непроменет.
Франција ќе се сретне со победникот од дуелот Португалија – Шпанија во четвртфиналето на континенталното натпреварување кое е закажано за понеделник од 21 часот.