Се појави нов сведок во случајот со убиството на малата Данка Илиќ во Србија. Тој во полиција изјавил дека џогирал покрај ѓубриштето во моментот кога осомничените го фрлале телото на девојчето, пишуваат српските медиуми.
Рочиштето на кое ќе сведочи човекот од населбата Бор каде исчезна Данка е закажано за петок, 5 јули во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Според неименуван извор зборовите на овој сосед на фамилијата на Данка можат да бидат клучни.
– Станува збор за двајца соседи од Бањско Поље од кои не се очекува ништо пресудно. Но, човек од Бор, кој е трет сведок, контактирал со надлежните и рекол дека џогирал точно во моментот кога осомничените биле на буништето и наводно го фрлиле телото – вели изворот и додава:
– Што точно видел, зошто само сега се јави, ќе се знае во петок. Постои можност неговото сведочење да докаже дека навистина го фрлиле убиеното дете на ѓубриште…
Инаку, едниот од двајцата осомничени, Дејан Драгијевиќ, кој на рочиштето во обвинителството по апсењето го призна делото и детално го опиша, побара обвинителството повторно да го сослуша.
Адвокатката Вања Живковиќ рече дека до денес не добила потврден или негативен одговор дали обвинителството ќе го прифати повторното испитување на нејзиниот клиент Дејан Драгијевиќ.
Инаку, Драгијевиќ во образложението зошто сака дополнително рочиште „за да се расветлат околностите и изнесените факти кои ги ставил на записник на рочиштето на 5 април 2024 година”.
За потсетување, осомничени за убиството на Данка Илиќ се Срѓан Јанковиќ од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од селото Злот кај Бор, кои го признале делото велејќи дека девојката ја удриле со возило на јавното претпријатие „Водовод“, по што Дејан со голи раце ја задавил.
Тој откри и дека неговиот татко Радослав и сега починатиот брат Далибор му помогнале да го сокрие телото на девојчето.