Деветнаесет лица се приведени поради поседување дрога за време на одржување на Д фестивалот во Стар Дојран, соопшти МВР.
На 29.06., 30.06. и 01.07.2024, за време на одржување на фестивал во Стар Дојран, полициски службеници ги лишиле од слобода А.С.(29) од Струмица, Д.Ш.(24) од Гевгелија, Ј.Р.(23) од Скопје, К.В.(24) од Куманово, А.А.(32) од Струмица, Д.А.(34) од Скопје, Г.И.(46) од Скопје, Ј.Б.(32) од Гостивар, В.Г.(18) од село Црничани, Гевгелиско, Т.П.(18) и К.Ц.(18), и двајцата од село Миравци, Гевгелиско, Г.М.(47) од Скопје, Ф.И.(19) од село Удово, Валандовско, Б.С.(23) од село Батинци, Скопско, Д.З.(23) од Скопје, А.А.(30) од Валандово, Н.А.(18) од Скопје, С.П.(20) од Башино Село, Велешко, и еден 17-годишен турски државјанин“, соопшти полицијата.
При преглед кај нив, како и при контрола во возила во кои се превезувале биле пронајдени марихуана, прашкаста материја и таблети. За настаните бил запознаен јавен обвинител, а по нивно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.