Тост со авокадо е популарен избор за појадок ширум светот, а во последните неколку години станува сѐ почест избор и кај нас.
Ова тропско овошје е богато со здрави извори на масти, а кога ќе созрее може да се претвори во зелена „паштета“ само со помош на вилушка.
За авокадото да има добар вкус на лебот, потребно е добро да се зачини. Ако, пак, сакате да имате нутритивно заокружен оброк, треба да го споите со добар извор на протеини.
Авокадото можете да го послужите со варени, печени и/или пржени јајца, чаден лосос и различни видови салама.
Но, ако преферирате извори на протеини од растително потекло – задолжително пробајте го намазот од авокадо и грашок, кој стана вирален на социјалните мрежи.