Американскиот рапер се појави на Црвениот плоштад

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот рапер Канје Вест, често предмет на контроверзии во САД, е во приватна посета на Москва, објавија руските медиуми. Тоа се случува во период кога западните музичари во голема мера ја избегнуваат Русија по нападот на Украина во февруари 2022 година.

– Канје Вест е во Москва. Тоа се одлични вести, тој е во срцето на главниот град – објави продуцентката Јана Рудковскаја.

Таа, инаку, е сопруга на еден од најголемите и најтрофејни лизгачи во историјата на спортот, Јевгениј Плушенко.

Ксенија Собчак, поранешна кандидатка на претседателските избори, на „Телеграм“ објави видео на коешто, вели, се гледа познатиот рапер на покривот на познатиот трговски центар „ГОУМ“ го набљудува Црвениот плоштад.

Според наводите, Канје е во Москва за да го прослави 40. роденден на својот пријател Гоша Рубчински – познат моден дизајнер, фотограф и основач на бренд, инспириран од падот на „Железната завеса“ и руската младешка улична култура.

 

 

Канје Вест и самиот е дизајнер и има свој моден бренд – „Јизи“.

Инаку, Канје е познат и по контроверзиите – наводно, во минатото изразувал воодушевување од рускиот претседател Владимир Путин, на пр., како и пофалби кон Адолф Хитлер и антисемитизмот.

- Advertisement -
Ad image

Поради неговите јавни изјави тој стана своевиден „одметник“ во забавната индустрија, па повеќе компании коишто соработуваа со него ги прекинаа договорите.

Share This Article