Германија синоќа ја совлада Данска со 2:0 во осминафиналето од Европското првенство 2024.
По два поништени гола, еден на Германија и еден на Данска, Германија поведе со пенал кој го изведе Хаверц во 53 минута, а ја запечати победата со голот на Мусиала во 68 минута.
Тие во четвртфиналето ќе се соочат со победникот од мечот Шпанија и Грузија.