More

    Според резултатите од пописот што денеска ги објави албанскиот институт за статистика ИНСТАТ, во Албанија живеат 2.281 Македонец

    spot_img

    Според резултатите од пописот што денеска ги објави албанскиот институт за статистика ИНСТАТ, во Албанија живеат 2.281 Македонец.

    Во прегледот ја пишува припадноста за сите етнички заедници, освен за Македонците. Кај нив пишува „Северномакедонци“.

    Гледано одделно од вкупната бројка Македонци, 1.136 се од машки, додека, пак, 1.145 се од женски пол.

    Според резултатите од пописот, 7.957 лица се попишани како Бугари. Првпат се случува на попис во Албанија да се попишат лица од оваа националност. Во сите досегашни 11 спроведени пописи ниту еден жител на Албанија не се изјаснил како Бугарин.

    Од вкупно попишаните 2.402.113 жители, 2.186.917 се Албанци, 23.485 Грци, 12.375 Египќани, 9.813 Роми, 2.963 Бошњаци, 2.459 Власи, 584 Срби, а 511 Црногорци. Останатите се од друга етничка група или одбиле да се изјаснат.

    Во земјата живеат 755.950 домаќинства, со просечна големина од 3,2 члена по семејство, кои живеат во 1.082.529 домови.

    Споредено со пописот спроведен во 2011 година, бројот на популацијата е помал за 409.864 жители.

    Во 2001 година попишани биле 3.069.275 жители.

    – Изразено во проценти, бројот на населението споредено со пописот во 2011 година се намалило за 16%. Во периодот 2001/2011 падот е за 8%. Произлегува дека процентот на намалувањето на бројот на населението е двојно повисок – објави Euronews.albania.

    Оваа значајна статистичка операција беше спроведена од 18 септември до 30 октомври минатата година. Пописниот формулар содржеше 100 прашања а само за три, етничка и верска припадност и јазик, одговорот не беше задолжителен.

    Ова е 12-ти по ред попис откако Албанија е прогласена за независна држава во 1912 година. Првиот попис е спроведен во 1923 година, а претпоследниот беше во 2011 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img